Популарниот пејач Брајан Адамс кој има 53 години на почетокот на оваа седмица ја добил својата втора ќерка. Девојчето родено во Лондон добило име Лула Росилеа, што во жаргонски превод значи шолја чај. Оваа вест музичарот ја објавил на Фејсбук.

Канадскио автор е во брак со Алисија Грималди и веќе ја има двегодишната ќерка Мирабела Бани. Необичното име девојчето го добила според празникот на кој е родена, Велики Петок. Новиот член на семејството Адамс ја продолжил традицијата, па и малата Лула добила несекојдневно име полно со симболика.