Брачни другари од Андалузија – Шпанија, ја прекршиле судската забрана за приближување од 500 метри и решиле повторно да бидат заедно. Тоа не му се допаднало на судијата и ги прогласил за виновни. Мажот добил шест месеци затвор, а жената четири.
Парот се развел во 2008 година. Судот им забранил да се приближуваат еден до друг бидејќи често влегувале во конфликт. Меѓутоа тие решиле да се смират минатиот месец по една година кавги на суд. Откако полицаецот кој внимавал на жената ги видел заедно, ги уапсил, а тие потврдиле дека се заедно по сопствена волја.