Неверојатно сценарио се случило во еден хотел во градот Млолонго во Кенија. Имено, двајцата сопружници имале афера, а тоа го откриле истовремено. Обајцата истовремено со своите други партнери пристигнале во хотелот, каде наишле еден да друг и се уловиле во неверство. Сопругот и сопругата таа ноќ се поздравиле и заминале во различни правци, тој морал да се врати на работа, а таа отишла со пријателката на кафе. Неколку часа подоцна се сретнале каде најмалку очекувале.
Локалните медиуми пренеле дека додека се карале пред изнајмените соби во хотелот, љубовниците исчезнале. Еден од посетителите на хотелот рекол дека видел жена која го тепала својот сопруг. Потоа и тој почнал да мава по неа, бидејќи и таа дошла со намера да го изневери. За работата да биде уште полоша, персоналот во хотелот потврдил дека обајцата се редовни гости.