Британскиот брачен пар Дејв и Хазел МкКејб се вратиле од меден месец на кој тргнале во 2005 година. По венчавката тргнале со својата јахта на пат околу светот. По Европа и Јужна Африка го поминале Атлантикот преку Канарските Острови. Пото преку Карибите дошле до САД.
Поминале вкупно 22 540 километри. За време на патувањето Хазел забременила и го родила нивното прво бебе, Кејти. Сега конечно се вратиле дома и планираат да започнат бизнис со градење на бродови. Велат дека патувањето не ги чинело многу бидејќи цело време биле во движење. Хазел се вратила со авион во Британија од Карибите, во 2007 година за да го роди детето, а потоа го продолжиле патувањето.