Битанците Мајк Хауард и Маргарет Пет отвориле нудистички хотел на својата фарма во близина на Стоук. За своите голи гости направиле и Шведска сауна како и топли бањи. Дошле на оваа идеја за да се извлечат од кризата која ги погодила за време на рецесијата.


Пред да го отворат хотелот секојдневно уживале во голите прошетки на својата фарма. Велат дека луѓето уживаат да шетаат голи. Натуралисти биле веќе подолго време и велат дека добредојдени се и облечените гости. Шефот на локалната туристичка заедница им посакал успех во работењето, иако сметал дека такво нешто не му било потребно на нивното гратче.