Една жена и нејзиниот сопруг – сметководител, кој тврди дека има формула за добивка на лото, го освоиле секој џек пот во висина од 350 000 долари и тоа двапати.


Верлин и Џудит Адамсон купиле четири лото ливчиња на четири различни локации, но со исти броеви и за исто извлекување. Нивната вкупна добивка е 1.4 милиони долари, а по плаќањето на данок ќе им останат 955 000 долари.

Семејството Адамсон оставило порака на телефонската секретарка дека не сакаат да даваат изјави и во случај на некои прашања да се контактира нивниот адвокат Скот Томпсон.