На брегот на Аљаска била пронајдена фудбалска топка која го „преживеала“ цунамито во Јапонија. Топката била сопственост на јапонски тинејџер кој го изгубил домот во минатогодишното цунами. Топката е еден од првите предмети кои се појавиле на спротивниот брег на Пацификот. Брачниот пар кој ја пронашол топката планира да ја врати на сопственикот, Мисаки Мураками, кој бил пријатно изненаден, како што рекол, сепак „не изгубил се“ во цунамито.


Американските експерти предвиделе дека предметите изгубени во цунамито ќе се појават на бреговите на Аљаска, Вашингтон, Орегон и Канада во период од март 2013 до 2014 година, иако не ја исклучиле можноста некои од нив да се појават и порано. Во цунамито во март 2011 година разорен бил голем дел од североисточниот брег на Јапонија и погинале околу 19 илјади лица.