Новиот Мистер и Мис на слабеење во светот за 2009 година е брачниот пар Кејти (40) и Марк Феирхед (45) од Норфолк, кои заедно изгубиле 126 кг. Новата титула ја прославиле во лондонскиот Ритз, а на таа пригода се сликале со “двајцата кои се вишок во нивниот брак“, односно со картонски репродукции на самите себе во претходно, дебело издание.


Слабеењето на дебелиот пар било толку драматично што повторно слабата госпоѓа Феирхед на неодамнешната венчавка не ја препознал сопствениот брат. Велат дека се здебелиле поради претерана конзумација на брза храна, односно пици и кинеска храна која им ја доставувале за вечера.

Имено, толку работале, што не стигнувале сами да готват. Велат дека за новата линија можат да заблагодарат на експериментирањето со здравата храна.