Брачниот пар од Канада, Виктор и Анета Урих, го дочекале својот стоти внук. Двајцата имале по 60 години и живееле во градот Гранд Пери, во канадската провинција Алберта. Имаат 16 деца кои и самите имаат големи семејства. Малиот Хенри е нивниот стоти внук, а е деветто дете на нивниот син Хајнрих и неговата сопруга Татјана. На свет дошол пред две седмици.
Виктор, кој родум бил од Русија, рекол дека биле многу среќни и дека Хенри го чекале со нетрпение. Половина од нивните внуци имале руски а половина канадски имиња. Семејството било големо, но сепак многу се помагале едни со други. Постарите внуци веднаш помагале кога требало да се чуваат помалите и секогаш се случувало нешто интересно.