Ветеринарката Мелани Бутера ја спасила напуштената срна во Охајо додека била бебе и тежела само 1,8 килограми. Ја донеле повредена во нејзината ординација, а таа ја зела дома за да се грижи за неа и подоцна не можела да се одвои од срната. Таа набргу пораснала и почнала да спие во брачниот кревет. Денес четиригодишната срна како дел од семејството секоја ноќ спие со своите сопственици и нивното куче.


Раскажуваат дека еден ден се вратиле дома и срната ја немало во приземјето. Се качила до спалната соба и легнала во креветот заедно со кучето. Таа била многу паметна и сама знаела да го вклучи и исклучи светлото. Околу вратот носи ГПС направа за да можат да ја пронајдат доколку се загуби.