Прв пат во историјата на фудбалот во Италија на врвот на табелата во Серија А и Серија Б се наоѓаат двајца браќа. Се работи за браќата Симоне и Филипо Инзаги, кои со Лацио односно Беневенто се лидери во своите шампионати.

По триумфот над Болоња со 2-0, Лацио се искачи на врвот на табелата во Серија А. „Лацијалите“ титулата ја сонуваат од 2000 година, тогаш во составот на Свен Горан Ериксон беше и Симоне Инѕаги. Доколку стигне до „скудетото“ тој ќе биде единствениот кој како фудбалер и тренер освоил титула со Лацио.

Неговиот брат, Филипо Инзаги имаше и тоа како поуспешна фудбалска кариера од својот брат. Тој ја освоија Серија А со Јувентус и Милан, два пати Лигата на шампиони и во 2006 година беше дел од составот на Италија кој го освои Мундијалот. Како тренер за сега е „една класа послаб“ од Симоне. Инзаги беше тренер во Серија А во Милан и Болоња, каде не успеа да се наметне. За тоа пак „гази“ во Серија Б. По одиграни 26 кола неговиот Беневенто има 19 победи, 6 ремија и само еден пораз и гол разлика 48-14 (најмногу дадени и најмалку примени голови во лигата).

Среќен сум што дојдов во Беневенто, потребно е што побрзо да го осигураме пласманот во Серија А. Останувам овде и наредната сезона и сакам да ја продолжиме оваа бајка. – вели Инзаги.

Ако Беневенто е сигурен патник во А, на 12 кола до крајот има 17 бода предност пред второпласираниот Фросиноне и 20 пред третопласираниот Кротоне, задачата на неговиот брат е „малце“ покомплицирана. Лацио е лидер во Серија А со 62 бода, два повеќе од Јувентус, осум од Интер но двата тима имаат и еден натпревар помалку, впрочем одложениот меѓусебен дуел поради корона вирусот.

Сонувањето не е забрането, нели. – вели Симоне Инѕаги.

Лацио слави уште еден рекорд, по поразот на Ливерпул , „орлите“се 21 меч непоразани што е најдолга серија во топ 5 првенствата.

OhridNews