Експерименот што го прави човекот со создавање на Хигсовиот босон, попознат како Божјата честичка во моќните акцелератори, може да предизвика катастрофа од огромни размери и да го уништи целиот Универзум, предупредува прочуениот физичар и космолог Стивен Хокинг.

-Просторот и времето може нагло да колабираат, а ние за тоа дане бидеме свесни, тврди Хокинг.

Тоа, како што објаснува Хокинг, може да се случи доколку се користи преголема енергија во акцелератор како ЦЕРН, каде се судруваат честиќки со голема брзина за да се создаде Хигсовиот босон.Сепак катастрофа од такви размери е малку веројатна, бидејќќи научниците засега немаат доволнио голем акцелератор за судрување на честички. Спорд теоријата на Хокинг, доколку се произведе Хигсов босон со преголема енергија тој ќе стане мегастабилен и ќе се создаде меур чист вакум, кој ќе се шири со брзина на светлината.

-Тоа би можело да се случи било кога, а ние не би можеле воопшто да го предвидиме, изјавил Хоконг, а пренесува Daily Mail. Тој појаснува дека шансите тоа да се случи во блиска иднина се многу мали, затоа што за тоа е потребен акцелератор од 100 милијарди гигаелектрон волти (GeV), кој би бил поголем од планетата Земја и тешко е дека некој тоа може да го финансира во сегашната економска клима, заклучува Хокинг.

OhridNews