Охрид, старото градско јадро и околните населби мора да се развиваат. Но, урбанизација мора да ги следи позитивните законски прописи, односно урбанизацијата  мора да се спроведува на начин што нема да ги доведе во прашање заштитата на неговата архитектонска препознатливост и посебност признаени од УНЕСКО, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Во насока на правилна урбанизација се обврзуваме и гарантираме спроведување на неколку проекти. Измена и дополнување на сите детални урбанистички планови и донесување нови за сите населени места каде што досега нема планска документација. Донесување урбанистички план за нова населба наменета за млади браачни парови во која ќе има парцели со подостаапни услови, проект кој е во насока на стопирање на иселувањето до Охрид преку креирање подобри услови за живот на младите брачни парови, вели Божиновски.

Додава дека ќе се насочат кон решавање на предметите за бесправно изградените објекти поднесени во 2011, 2015 и 2016 година, како и  изработка на сообраќајна Студија за заштитеното градско подрачје и јадро и Сообраќајна студија за летен режим на сообраќај.

Изградба на јавни тоалети на повеќе локации во централното градско подрачје. Отстранување на постоечките светлечки реклами во стариот дел на градот и воведување на нови унифицирани. Идејно и интегрално уредување на просторот кај касарната. Изградба на социјални станови, исто така, кај касарната. Изработка на програма за урбана опрема. Уредување на булеварот „Св. Наум Охридски“, односно уредување на зелената зона на булеварот, додава Божиновски.

Предвидено е изградба на Конгресен центар за развој на конгресниот туризам, како и можност за целогодишен туризам, а со тоа и зголемен број на ноќевања и туристи во градот, воопшто унапредување на целиот туристички развој, како и изградба на повеќе видиковци на територијата на општина Охрид, додава Божиновски.

Н.С.Ј.