Главните виновници за агонијата со неградењето на автопатот Кичево-Охрид не само што предизвикаа удар врз туризмот и економијата, туку и создадоа смеа и подбив. Никогаш помалку и побавно не се градело и никогаш не се градело вака неквалитетно и неплански, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Главна одлика им е нефункционалноста и се експерти за анекси на договори за зголемување на цената од 374 милиони до над 600 милиони евра и за пролонгирање, самите си ги задаваа роковите, самите тие ги пробиваа. Потрошија два мандата и не можеа да го довршат, не реализираа ниту 20 % дополнителна градба, а за жал продолжуваат да се губат човечки животи, вели Божиновски.
Прашува дали ги казнуваат охриѓани за катастрофалниот пораз на локалните избори и за тоталното фијаско кое им следува.
Кажете што ветивте и што реализиравте како проект за бенефит на охриѓани? По изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прекинеме агонијата на автопатот и се обврзуваме со силно темпо и ангажираност до крајот на 2026 година да биде пуштен во употреба, додава Божиновски.
Н.С.Ј.