Охрид и охриѓани заслужуваат развојни проекти. Гарантираме изградба на нова современа градинка и реконструкција на постоечките градинки. Проблемот со листите на чекање за запишување на децата во градинка мора да се реши во насока на континуирано и трајно решавање на овој проблем,  рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Охрид ќе добие нова современа градинка со која значително ќе се зголеми капацитетот за згрижување и воспитување на децата од пред училишна возраст, додека за постоечките градинки следи реконструкција. Гарантираме изградба и реконструкција на детски современи игралишта на повеќе локации во општината. Децата мора да имаат простор кадешто ќе може да уживаат во безгрижно детство, вели Божиновски.

Божиновски најави изградба на нови мултифункционални спортски игралишта.

Во периодот што следи сакаме да придонесеме децата, нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој и затоа се определуваме за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики.  Од таа причина во Велгошти во спортската сала и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште, се обврзуваме на изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога, вели Божиновски.

По барање на граѓаните во согласнот со нивните потреби исти такви ќе изградиме уште на две локации, додава Божиновски.

Н.С.Ј.