СДСМ и Георгиески послушно и понизно ги спроведуваат незаконските одлуки, повикувајќи се на одлуките на Владата на Република Македонија да се промени Статутот на општината, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Перчо Божиновски.
- Георгиески да одговори како е извршена промена на официјалните печати на општината и наместо Република Македонија, тие се испишани со Република Северна Македонија? Децицно во член 10 од Статутот на општина Охрид и јасно стои што треба да пишува на печатот. Кој ќе одговара за тоа што незаконски се изработени нови печати и ги има како доказ два дена последователно на официјални документи од општина Охрид? За да се изврши промена на Статут на општината врз основа на член 18, точка 1 потребна е Одлука на Совет, но таква Одлука не е донесена, рече Божиновски.
Како што тој рече, охриѓани треба да знаат дека СДСМ работи против нивната одлука донесена на референдумот на 30 септември, за печатот на општината наместо досегашниот назив Република Македонија да го носи називот Република Северна Македонија.
- Наместо Георгиески да ја потценува интелигенцијата на охриѓани и да ветува исти работи што ги ветуваше како носител на советничка листа треба да им каже дека сака спротивно на Законите секаде каде што се споменува зборот Република Македонија да се замени со зборот Република Северна Македонија. Георгиески и СДСМ спроведуваат флагрантно кршење на Статутот и Деловникот за работа на Советот, додаде Божиновски.
Божиновски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира сите засегнати институции и ќе поднесе соодветни пријави.
OhridNews