Просветните работници се мотивирачка сила, заедничка гордост, херои на ова време. Најблагодарната професија учител е исправена пред големи предизвици затоа што со последните неуспеси во образованието наставниците стануваат жртви на неуспешните реформи, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, додавајќи дека гарантираат мерки и проекти во насока на модернизирање на образованието.
Нашиот фокус е вложување во квалитетно образование, приспособено за потребите на пазарот на трудот. Континуирани инвестиции во образованието, осовременувањето на методологијата и наставните помагала, за модерно и современо образование за сите млади. Гарантираме изградба на ново, модерно и современо основно училиште, обезбедено со дидактички нагледни средства и техничка опрема, потребни за реализација на модерна и квалитетена настава со цел унапредување на воспитно образованиот процес, рече Божиновски.
Училиште по сите стандарди и нормативи и настава во една смена.
Се обврзуваме на изградба на училишна спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец за потребите на жителите за здравиот развој на младите, вистинска придобивка за спортските клубови. Стипендии за најдобрите ученици и студенти, со цел нивна мотивација и поддршка. Отворање реални компании во средните стручни училишта, додава Божиновски.
Да бидеме двигатели на убавото, позитивното и доброто кај човекот, рече Божиновски упатувајќи и честитка по повод 5 октомври меѓународен ден на учителот.
Н.С.Ј.