Охрид стана небезбедно место за живеење. Охриѓани живеат во страв. Охрид нема ден, а да не биде споменат во билтенот на МВР. Охриѓани секојдневно гледаат глутници кучиња кои се нивна опасност насекаде во градот, рече на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

  • Неспособноста на Локалната самоуправа и в.д градоначалникот Констатнтин Георгиески и после година и пол од преземањето на власта резултира со нерешен проблем со кучињата-бездомници. За жал се случи она што цело време предупредувавме. Сведоци сме како граѓаните кои како последица од напад на кучиња завршуваат со рани по телото. Кој ќе понесе одговорност за малолетното девојче каснато од куче на Градскиот плоштад? Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски до кога планира да ветува дека ќе го реши проблемот?, праша Божиновски.

Додаде дека засега за решавање на проблемот биле набавени само две возила за транспорт на животните и шинтер во Претпријатието.

  • Нетретираните кучиња се преносители на зараза која може да има посериозни последици по здравјето на граѓаните. Наместо долгоочекуваниот стационар видовме нов возен парк на директорот Грданоски. Доколку Георгиески и Грданоски не знаат чесно е да признаат, ние сме тука да помогнеме затоа што е во интерес на граѓаните, рече Божиновски додавајќи дека граѓаните чекаат резултати.

OhridNews