Преку изградбата и реконструкцијата на водоводните и канализациони системи, паралелно со уредувањето на зелените површини, дирекно се придонесува за почиста и поздрава животна средина. Гарантираме реконструкција и изградба на канализациониот систем, вели на денешната прес конференција Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Проектот предвидува изградба или доизградба на канализационен систем во населба „Гоце Делчев“ – Бараки, село Долно и Горно Лакочереј, село Подмоље, село Трпејца како и во сите населени места каде што има потреба од истата. Се обврзуваме за изградба на атмосферска канализација низ општина Охрид. Атмосферска канализација на територијата на цела општина Охрид. Целта е унапредување и заштита на животната средина, како и подобрување на условите во делот на уличната инфраструктура, додаде Божиновски.

Додава дека еден краткотраен дожд направи целосен хаос по улиците низ Охрид и ги извади на површина неработата, неодговорното и импровизирано работење на Георгиески.

Ако ваквото функционирање е најдоброто за нашата општина тогаш како ли е најлошото? Со оваа власт реконструкцијата на улиците оди бавно, неквалитетно и селективно. Георгиески да одговори по кој критериум се врши асфалтирањето? За брзо следува одговорност за нестручноста и непрофесионализмот во изведувањето на активностите, додава Божиновски.

Развиена мрежа на атмосферска канализација е еден од главните услови за превенција од поплавени улици при дождови. Гарантираме квалитетни инфраструктурни, водоснабдителни и канализациони системски решенија, вели Божиновски.

Н.С.Ј.