Познатиот француски слаткар Патрик Рожер со својот тим изработил десет метри високо Божиќно дрво од чоколадо. Неговата чокладна креација била изработувана еден месец. Дрвото е тешко четири тона, а во средината има празина за да може самостално да стои.


Чоколадната креација била изработена во хуманитарни цели за лечење на нервно-мускулатурните болести. Учесниците во акцијата за своите донации ќе добиваат делови од чоколадното дрво. Чоколадото ќе се продава на аукција во Париз која ќе ја пренесува националната телевизија.