Божикните празнувања во Бигорскиот манастир, почнуваат од утре наутро со Божествена Литургија во спомен на Светиот отец Наум Охридски во 7:30 часот. Во 16 часот ќе биде отслужена и Вечерна богослужба, информираат од Бигорскиот манастир.

Во понеделник, на 6 јануари, во 06:30 часот ќе биде ослужена Утрена богослужба, во 07:30 часот Царски Часови за Рождество Христово, Изобразителните, во 09:30 часот Голема Вечерна богослужба со Света Василиева Литургија, од 18:00 до 19:30 часот Бадникова закуска со пеење на Божикни каланди и во 21:00 часот Сеноќно бдение во чест на светлото Рождество Христово (Големо повечерие со Литиски и Стиховни, Утрена и Божествена Златоустова Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј).

На божикните празнични богослужби можат да присуствуваат сите коишто имаат желба да го прослават светлото Рождество Христово во нашата Свештена Обител, заедно со монашкото братство се вели во соопштението на Бигорскиот манастир.

OhridNews