Љубителите на креативниот хумор на 7-ми јануари, Божик, ќе имаат можност да уживаат во настапот на извонредниот стендап комичар Никола Тодороски во клубот Jazz Inn во Охрид.
Публиката во Jazz Inn ќе има можност репризно да го проследи материјалот од „Зимската бајка“, плус неколку нови теми специјално подготвени за саботниот настап, вели Никола.
Атмосферата ќе ја загрее Зоран Донев.
Билети во претпродажба во мјузик шоп Зи Зи Топ по цена од 150 денари и на денот на шоуто по 200 денари.
Почеток 21.00.
OhridNews