По повод претстојниот голем христијански празник Рождество Христово – Божиќ, Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, упати честитка до православните верници со желби за лична и семејна среќа, христијанска љубов и меѓусебна почит.
Во Божиќната честитка се вели:
– Во деновите на празнувањето на Христовото рождество, во домовите на моите сограѓани, православни верници, нека владеат мирот и спокојството; благосостојбата, љубовта и хармонијата. Во деновите на духовна вознесеност нека им се исполнат срцата со задоволството од она што, секој посебно и сите заедно како заедница, сме го постигнале и кон што тежнееме. Притоа нека не храбри мислата дека со меѓусебна почит и соживот; со христијанска вера, љубов и надеж ќе можеме да создаваме нови вредности за личното и семејно добро; за доброто на сите сограѓани, за Охрид како најубав град и Македонија како наша татковина. Со достоинствено одбележување на Божиќните празници, искажувајки ја почитта кон црквата и верата, ќе покажеме дека сме вистински почитувачи на на христијанството кое се зачнало токму во ова охридско поднебје уште во првиот век – со доаѓањето на првите апостоли во овој дел на Европа. И на овој Божиќ, да покажеме дека сме достојни граѓани на Охрид-лулката на православието и столицата на Македонската Православна Црква.
Христос се роди !, стои во Божиќната честитка што до православните верници ја упати градоначалникот Петрески.
ЗАПОЧНАА ЦРКОВНИТЕ СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД ПРЕСТОЈНИТЕ ГОЛЕМИ ПРАЗНИЦИ !
Со царски часови што утрово се одржаа во сите парохиски цркви во Охрид, денеска започнаа црковните свечености по повод престојните верски празници.
Во црквата Свети Никола во Долна Влашка маала денеска ќе се одржи вечерна богослужба со почеток во 16 часот.
По повод празникот Свети Наум Охридски, утре во 8:30ч. во манастирот Свети Наум ќе се одржи света архиерејска златоустова литургија.
На Бадник (недела) златоустови литургии ќе се одржат во сите парохиски цркви во Охрид со почетк во 8:30ч, а свети архерејски литургии ќе се одржат и по повод Божиќните празници
ohridnews