Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески, по повод големиот христијански празника Христовото рождество – Божиќ, до своите сограѓани упатува чсетитки со желби  за мир,  радост, љубов,  меѓусебна почит и уважување – без разлика на припадноста или националноста. Во честитката на градоначалникот Петрески до соите сограѓани, се вели:

–  Мир во душата, радост во срцата и верба во иднината, како и во сопствените можности, им посакувам на своите согарѓани. На сограѓаните од православна вероисповест, им посакувам деновите на големиот христијански празник, Христовото рождество, да ги минат во семејна среќа, радост и задоволство; во нивните домови да владее христијанска љубов за сето она што ни е дадено од  Бога или сме го создале заедно; а нивните срца да бидат исполнети со оптимизам и верба во иднината и со љубов кон своите најблиски, пријателите и сограѓаните. Тоа е и духот на Светиот Климент Охридски – Заштитникот на нашиот град, тоа е и смислата на христијанството и празнувањето на овој голем празник.

Христос се роди! За многу години да е Божик, и да е вечен просперитетот на Охрид.  

Ohridnews;