Градоначалникот Александар Петрески и претседателот на Советот на општината, Душко Јаковчески, по повод големиот христијански празник Христовото рождество-Божиќ упатуваат честитка до сограѓаните од католичка вероисповед во која се вели:

– На сограѓаните и гостите кои престојуваат во Охрид и го слават Божиќ според католичкиот календар  им посакуваме  празничните денови да бидат исполнети со радост, среќа, духовен мир и благосостојба во семејствата. Овој Божиќ нека мине во духот на верската толеранција меѓу сите нас и посветеноста кон вистинските духовни и материјални вредности за доброто на секој граѓанин посебно, нивните  семејств и локалната заедница во целина.Љубовта меѓу лугето, мирот и задоволството од животот нека владеат во вашите домови.

Христос се роди !

Ohridnews