По повод претстојниот празник Божиќ, бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов упати честитка до граѓаните на Македонија со католичка вероисповед:
– Драги браќа и сестри! Бог не ни доаѓа како возрасен човек, туку како слабо и беспомошно дете. Во светлината на тоа Дете го набљудуваме и нашиот човечки и христијански живот. Како што Исус напредуваше во „премудроста, возраста и благодатта“, така е и целиот човечки живот трајно раѓање и растење кон зрелоста. Ниту како заедница на Црквата не можеме без ново раѓање и подготвеност на раст да одговориме на предизвиците на оваа наше време ниту на очекувањата на нашите современици. Тој духовен пат е болен, а растот доста бара; понекогаш не присилува да излеземе од вообичаените навики и да бидеме отворени за ново, дури и непознато.
Радосен и исполнет со надеж празник на Христовото Рождество – Божик им посакувам на сите луѓе со добра волја. Христос се роди! се вели во божиќната честитка на бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.