Советот на општината ја почасти општинската администрација. Советниците на 25 седница едногласно го подржаа предлогот на ВМРО НП во ребалансот на буџетот да биде вметната ставка со која на вработените во јавната администрација им се одобрува таканаречен Божиќен надомест меѓу 500-1000 денари.

Од кабинетот на градоначалникот велат дека одлуката е незаконска затоа што според нив ваква одлука единствено има ингеренции да донесе градоначалникот, а таков надомест според законот можат да добијат максимум тројца вработени и тоа во висина на 30% од вкупната плата.