Нов пораз за охридските “бели“ кои на Билјанини Извори, загубија со 2-1 од Напредок. Победникот на мечот беше одлучен во период од пет минути и тоа од 68 до 73 минута.

Во 68` Божијанов по проигрувањето на Стојаноски погоди за гостите. Две минути подоцна Димоски во празно го проигра Маркоски кој погоди за 1-1.

Тамам охриѓани се понадеваа дека ќе успеат да го завртат резултатот во своја корист, кога повторно шок на трибините. Кикс на потесната одбрана кој успеа да го искористи Божијанов кој повторно ги доведе гостите во предност 1-2.

По примениот гол охриѓани се обидоа да стигнат до израмнување но немаа сила по сериозно да го загрозат голот на гостите.

За Охрид ова е петти пораз во серија, додека за Напредок ова е трета победа во четири гостувања.

М.П.