Во центарот на село Велгошти поставена е Божиќната пештера изработена од сестрите од манастирот Свети Георгиj Победоносец во село Рајчица, кој е метох на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител. Пештерата е поставен пред Домот за култура во селото.
Божиќната пештера во Велгошти
Претходно Божиќна пештера беше поставена и на градскиот плоштад во Охрид. Пештерата го симболизира Христовото раѓање.
Пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог, со ѕвезди во рака на 6 јануари коледарчињата го најавуваат Христовото раѓање. Поворката во Охрид по традиција тргнува од црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала и продолжува по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ се до охридската чаршија каде е поставена Божиќната пештера. Кон поворката од Охрид ќе се придружат и поворки од Велгошти, Лескоец, Пештани, Требеништа…
И Бадниковата поворка од Лескоец доби пештера
Деновиве дечињата кои ќе учествуваат во поворките активно се вклучени во изработката на бадниковите ѕвезди кои се симбол на светлината, радоста и надежта што Божик ја носи во нашите срца. Sвездатa, всушност, е симбол на Витлеемската ѕвезда, која со својата светлина го осветлувала патот на мудреците до местото на раѓањето на Исус Христос. Историски и духовно, таа е симбол на патоказ, инспирација и божиќна радост.
Кај нас изработката на божиќните ѕвезди е посебна и значајна традиција. Секоја година на Бадник, децата ја носат ѕвездата низ улиците, најавувајќи го Христовото раѓање и споделувајќи го празничниот дух со сите околу нив. Токму децата, со својата чистота и ентузијазам, ја носат радоста во секој дом и секоја заедница, создавајќи незаборавни спомени
Бадниковите поворки и во 2025 година ќе внесат весела празнична атмосфера во домовите на сите православни христијани ширум земјава. Со нив божикната радост ќе се пренесе во секој дом и ќе се почувствува благословот на Христовото Раѓање.
Н.С.Ј.