Албумот на познатиот британски музичар Дејвид Боуви „The Next Day“, станал најпродаван во 2013 година и после 20 години ја вратил оваа музичка легенда на првото место на британската топ листа. Веста дека музчарот кој има 66 години објавува нов албум изненадила многумина во светот на музиката, но критичарите неговиот албум го прогласиле за најдобар повратнички албум во историјата.
Ретроспективата посветена на овој музичар ќе биде отворена на 23 март во Викторија и Алберт музејот во Лондон и на неа Дејвид Боуви ќе биде прославен како музички иноватор и културна икона.