Ново истражување покажува дека ботоксот освен што ги парализира мускулите на лицето кои даваат “младешки“ изглед, влијае и врз емоциите.
Експертите од Универзитетот Барнард во Њујорк спровеле истражување кое покажува дека ботоксот, освен на лицето, делува и на мозокот.
Во склоп на истражувањето им прикажувале клипови полни со емоции на пациентите пред и по третманот со ботокс, па се покажало дека после ботоксот луѓето едноставно послабо чувствуваат и потешко ги покажуваат емоциите бидејќи не се во состојба да прават гримаси.
Причината е најверојатно тоа што мозокот не добива доволно повратни информации. Имено, кога се смееме, мускулите од нашето лице се движат и мозокот тие информации ги претвора во емоции. Ако лицето не се движи, и чувствата ќе бидат со послаб интензитет.