Дали на вашата коса и треба опоравување и лечење од разните третмани како фарбање, пеглање, минивал и се останато поради што косата губи сјај? Сигурно не сте единствени кои сметате дека на вашата коса и треба повеќе нега за повторно да го добие посакуваниот сјај и волумен.
Дали сте чуле за ботокс? После кожата и усните, сега дојде време и за косата. Ако мислите дека погрешно сте слушнале, не, бидејќи се работи за ботокс за коса. Така, се појави најнов третман за коса после кој таа повторно ќе биде свиленкаста.

Ботоксот за коса е третман кој помага да се обнови оштетената коса и да се поправи штетата каде што е најпотребно. Досегашните истражувања покажале дека косата после третманот станува побујна и поцврста. Споменатиот третман трае до десет миења, а потоа доаѓа до измивање на состојките.

Зошто ботоксот за коса е толку популарен? Меѓу жените ширум светот е се попопуларен третманот кој на косата и ја враќа живоста и посакуваниот волумен. Се работи за препарат кој во себе содржи молекули кои делуваат така што се впиваат на подрачјата на кои кератинот од кој е составена косата е оштетен.
На споменатиот препарат може да се додадат и други средства кои помагаат да се подобри здравјето на косата, а тоа се средства за поголем сјај и витамини. Се работи за средства кои пружаат многу подобар резултат од регенераторите.Третманот го работат само фризерски салони.
Во последно време се појавија многу методи за враќање на убавината на косата. Но, ботоксот според мислењата на експертите е безопасен и сигурен за употреба.

извор:savjetnica.com