Валтери Ботас имаше големо влијание на пласманот во трката на ГН Шпанија во Барцелона заради тоа што Фетел изгуби доста време додека возеше позади него. На тој начин Луис Хамилтон успеа да ја намали разликата иако беше на поспорите медиум пневматици.
Секако дека Фетел од овој потег на на Ботас не беше задоволен, но финецот му одговори дека ваков потег е логичен затоа што имал задачи да му помогни на својот тим.
“Направив све за да го задржам Себастијан за да изгуби време. Тоа е нормално. Тоа беше моја задача во тој момент“. – изјави Ботас и додаде дека на овој начин му помогнал на тимот да ја намали разликата во бодови во однос на Ферари.
Сепак Ботас не ја заврши трката, мораше да се откаже заради прболемите со моторот. Но уште на стартот му беа намалени шансите за добар резултат кога го оштети болидот во инцидентот кога трката ја завршија Раиконен и Ферстапен. Двајцата возачи сметаат дека Ботас е виновен за овај инцидент, но возачот на Мерцедес тврди дека неможел ништо да направи да го избегне контактот.
“Влегувајќи во свиокот број еден се обидував да ја задржам мојата траекторија на движење од внатрешната страна. Јасно ми беше дека колегите ќе се обидат од надворешната страна да ме претекнат. Случајност беше тоа што се допрев со Кими затоа што беше све “тесно“ и бевме блиску. Жал ми е за тоа што им се случите на Кими и Макс. Но кога се борите за позиција понекогаш ќе удрите некого и тоа е тоа. Се обидував да ја задржам позицијата и имав чувство дека е претесно. Направив се но ете неможев да го избегнам контактот. После тоа многу се мачев во првиот стинт.“ – изјави Валериј.
OhridNews