Пилотот на Алфа Ромео, Валтери Ботас изјави дека преминот од Мерцедес во нов тим му дал мотив плус.
Чувствувам дека сега мојата мотивација е уште поголема од порано, затоа што влегов во нова средина, што е одлично. Имам многу да научам за новиот тим, за новиот болид. За време на тестот на новиот автомобил, врнеше дожд, а температурата беше само 4 степени, но сепак беше одлично да се проба. И не се чувствуваше толку поразлично од машините од претходната генерација. Направивме добра работа. Секогаш е важно да се проверат и исправат некои работи пред тестовите. Но, генерално, сè помина добро. А за сензациите зад воланот на болидот веќе може да се суди на тестовите во Барселона. Тешко е да се донесат заклучоци за новите болиди по само неколку круга, изјави Ботас.
Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почна на 20 март со трката за Големата награда на Бахреин.
OhridNews