Во бразилското финале на Копа Либертадорес, Ботафого синоќа го победи Атлетико Минеиро со 3:1 и за прв пшат во клупската историја го освои трофејот во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Јужна Америка.
Триумфот на Ботафого дополнително добива на тежина поради фактот што победникот играше со фудбалер помалку од втората минута на натпреварот коха беше исклучен Грегоре.
Стрелци на головите за Ботафого беа Енрике (’35), Телес (’44) и Сантос (’90+7), а единствениот гол за Атлетико го постигна Варгас (’47).
Г.М.