Пред натпреварот со босанците кои теоретски имаат шанса квалификациите да ги зазавршат како третопласирани, што им отвора можност за настап во бараж, Македонија е сигурно второпласирана. Со евентуален триумф, и пораз на Британија од Украина на гости, нашата репрезентација може да биде и прва во групата и веќе да не зависи од никого. Пласманот на ЕП теоретски можеме да го загубиме само со катастрофален пораз и висока победа на директните конкуренти за второто место во останатите групи.
Натпреварот БиХ – Македонија се игра вечерва во Сараево во 20.45 часот, со директен пренос на А1 телевизија.