По повод празникот Благоец, кој оваа година се совпаѓа со Велики Вторник, утре (вторник), ќе се одржи утрена богослужба со Златоустова Архиерејска литургија, едноцрквие, во црквата „Св. Софија“, со почеток во 7,30 часот.

Вечерта ќе има бдение со „Последование на Женихот“, едноцрквие, во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, со почеток во 17 часот, информираат од Дебарско – кичевската епархија.

OhridNews