Двомечот во Лигата на Шампиони меѓу македонските ракометни гиганти Вардар и Металург му припадна на „металурзите“. Како гости „црвено црните“ славеа со 27-22, а пулените на Лино Червар возвратија со победа од 26-18, но според тренерот на Вардар, Андон Бошковски, Металург доби само една битка, а никако не и војната.


– Уште еднаш му честитам на Металург за победата на последниот натпревар од Лигата на шампионите. Но, мора да кажам дека тие не добиле никаква војна, туку натпревар. Војната ја добивме ние на 2-ри јуни , кога ги совладавме во мечот која беше одлучувачки за шампионската титула во Македонија. Ние ќе се бориме до крај, а тоа повторно ќе го докажаме на натпреварот за титулата во националниот шампионат. А војните, кога треба, секогаш ги добиваат подобрите екипи – рече Бошковски за официјалниот веб сајт на Ракометниот клуб Вардар.

На лутите ракометни ривали ги очекуваат уште неколку меѓусебни дуели, а секако шлаг на тортата ќе бидат оние за титулата во националниот шампионат.

Мх.П.