Главниот претрес во процесот против лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски ќе почне на 15-ти септември, информираат од Основниот суд Скопје 1.

Бошкоски се товари за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија и за злоупотреба на службената положба. Осомничен е дека во неколку наврати од донатор примил пари за изборната кампања што не ги пријавил.

Полицијата го уапси Бошкоски на 6-ти јуни, ден по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Тогаш во неговото возило беа пронајдени 100.000 евра. Оттогаш Бошкоски се наоѓа во притвор во Шуто Оризари.

OhridNews
извор: Makfaks