“ Јавно му се извинувам на г-динот Сашо Мијалков за изречените клевети и навреди од моја страна, а кои се предмет на приватни тужби”, се наведува во извинувањето на Бошкоски. Тој меѓу другото, посочува дека навредите и клеветите ги изрекол врз основа на погрешни информации и податоци кои дошле до него.
На Бошкоски ќе му се суди за нелегално финансирање на предизборната кампања. Тој три месеци се наоѓа во притвор, а беше уапсен на 6 јуни пред ресторанот „Воденица“ во Скопје.
Бошкоски заработи и неколку тужби за клевети и навреди.