Екипата на Сарајево од Босна и Херцеговина триумфираше на првото издание на баскет турнирот, кој се одржа на граскиот плоштад во Охрид во организација на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), а е дел од Сателит програмата на меѓународната кошаркарска организација ФИБА.

Финалниот натпревар изобилуваше со тензија, груба игра и квалитетна кошарка, а на крај победата им припадна на босанците, кои, подобро се снајдоа од тимот од српскиот град Крагујевац.

Првопласираната екипа на турнирот на кој учествуваа повеќе од 30 екипи освои наградата од 2000 евра и место на Сателит турнирот во Марибор, Словенија, додека вицешампионот доби парична награда во висина од 1 000 евра.

Баскет турнирот е еден од многуте настани, кои, во следниот период ќе се одржат во Охрид. До крајот на овој месец треба да започне традиоционалниот турнир во одбојка на плажа, на почетокот од следниот месец Илинденскиот пливачки маратон и уште многу спортски настани.

OhridNews