Борусија Дортмунд вечерва го совлада Пари Сен-Жермен со 1:0 на домашен терен во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот гол беше Никлас Филкруг во 36. минута.

Реваншот ќе се одигра во Париз на 7 мај.

Другиот финалист во Лигата на шампионите ќе биде одреден по вториот натпревар меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен (првиот натпревар заврши 2:2).

OhridNews