Едно од италијанските здруженија за правата на животните ќе покрене петиција на интернет со која ќе бара од Папата Бенедик XVI да престане да носи крзно за време на верските обреди во Ватикан. Здружението за одбрана на животните и околината тврди дека со ваквиот потез не сака да ја провоцира црквата ниту да ги изрази своите религиски ставови.

– Сакаме да го замолиме, во мир и љубов, да испрати јасна порака дека сака да ги заштити животните и околината со  мала но многу значајна лична жртва – изјавил Лоренцо Кроце, претседателот на ова здружение.


Имено, откако е избран, папата  Бенедик XVI носи неколку традиционални верски наметки, меѓу кои се и неколку со крзно од лисица. Таа наметка папата ја носи во зима.