Специјализираниот ракометен портал „handball-planet.com“ објави дека црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан (22) од наредната сезона ќе настапува во Вардар.
Борозан, во кариерата, има настапувано во Македонија, во редовите на Металург, но по финансиката криза тој од Автокоманда се пресели во германски Либек, пренесува „Макфакс“.
Сепак, Либек сезонава е последен во Бундеслигата, има освоено само два бода и реално е да се пресели во втората Бундеслигата, поради што се очекува голем број играчи да го напуштат клубот.
Левиот бек беше еден од најдобрите играчи на Црна Гора на ЕП во Полска, тој одигра две средби на кои постигна 11 голови, додека последниот меч во групата го пропушти поради фрактура на зглобот на десната рака.
OhridNews