Актуелниот директор на ЈП „Охридски Комуналец“, Боро Павлоски, е кандидат на Либерално-демокрратската партија ЛДП, за градоначалник на Охрид. Одлуката на партиското раководство беше соопштена денеска на прес конференција на кој присуствуваа лидерот на партијата, Јован Манасиевски и кандидатот Павлоски.


Боро Павлоски – кандидат за градоначалник на Охрид од ЛДП

– Ќе понудам нов концепт за Охрид, истакна на промоцијата на неговата кандидатура за градоначалник, Боро Павлоски. „Доста се гласа лево или десно. На овие избори граѓаните на Охрид ќе имаат повеќе опции и се надевам дека ќе ја изберат вистинската“, додаде актуелниот член на градскиот Совет, Павлоски.


Лидерот на партијата, Јован Манасиевски, истакна дека ЛДП е почестена што за кандидат за градоначалник на Охрид ќе го има Боро Павлоски. „Охриѓани имаат лесен избор, бидејќии Павлоски е добар менаџер и нема човек кој подобро го познава Охрид од него“, рече Манасиевски. Тој кажа дека било тешпко да се убеди Павлоски да се кандидира, но време е рече, тој да излезе од сенка, а не другите да се китат со неговата работа. Манасиевски ги повика охриѓани да гласаат за личност, а не за боја. Лидерот на ЛДП информираше дека деновиве ќе биде изготвена и советничката листа со која партијата ќе настапи во Охрид. Мотото под кое ЛДП ќе настапи на претојните локални  избори е „Силни општини силна Македонија“.


Со кандидатурата на Павлоски, официјално во трката за градоначалник на Охрид засега се вклучени три политички партии. СДСМ прва објави дека на претстојните избори ќе настапи со актуелниот градоначалник Алексансар Петрески. Пред два дена НСДП соопшти дека изборната трка ќе ја трча со претседателот на општинската организација, Ацо Попоски. Засега има најава за барем еден независен кандидат кој ја отпочнал процедурата за собирање потписи, додека најголемата владејачка партија, ВМРО ДПМНЕ сеуште не го соопштува својот адут за претсојните локални избори.

Ohridnews