Цимерите од македонската репрезентација, Борко Ристовски и Кирил Лазаров можат да станат соиграчи откако Барселона испрати официјална понуда до Рајн Некар Левен за чуварот на мрежата.
Како што пренесува „Екипа.мк“, репрезентативниот голман може да бира меѓу останување во Рајн Некар и заминување во Европскиот шампион.
– Да, има интерес и понуда од Барселона да го ангажира Борко Ристовски. Има понуда и од Рајн Некар Левен кој сака да го задржи Борко во својот тим. Ќе видиме каква ќе биде неговата одлука. Овој интерес е резултат на добрите настапи на Борко на голот на Рајн Некар Левен. Тоа се големи клубови со добри понуди и изборот не е лесен. За 3-4 дена треба да се знае што ќе избере и каква ќе биде неговата одлука. – рече за „Екипа.мк“, менаџерот на Ристовски Арнар Фреир Теодорсон.
Популарниот министер за одбрана во ноември минатата година од Кретеј се пресели во Рајн Некар Левен, а брилијатните настапи за „лавовите“ во ЛШ не останаа незабележани и тој се наоѓа пред трансферот на кариерата.
OhridNews