Ракометниот клуб Вардар, денеска, ги потврди трансферите на македонските репрезентативци Борко Ристовски и Марио Мишевски. Двајцата ракометари во „Јане Сандаски“ се преселуваат да и помогнат на екипата во клучниот дел од сезоната.

Искусниот голман Ристовски изјави дека неговото враќање во Вардар нема допирна точка со политика и оти на маса имал понуди од неколку клубови помеѓу кои бил Рајн Некар.

Ме бараа неколку клубови, меѓу нив и Рајн Некар Левен, но го избрав Вардар бидејќи сакам да сум овде, да помогнам овој тим да постои. Не дојдов поради пари, туку за да помогнам најмалку до крајот на сезонава. Моето враќање нема врска со политиката, јас сум спортист, а не со политичар. Во политиката влегов да му помогнам на спортот, по природа сум револуционер и ја сакам својата држава. – изјави Ристовски.

Македонскиот голман е советник за спорт во тимот на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ за претстојните избори кои ќе се одржат на 12 април.

OhridNews