Познатиот македонски баритон, Борис Трајанов, в недела во 19 часот во центарот за култура “Григор Прличев” заедно со мандолинскиот оркестар од Скопје и под диригентство на Рамадан и Ехрам Шукри ќе одржи хуманитарен концерт.
“Концеротот ќе биде вистински подарок за љубителите на канцоните, а присутните со купување влезница ќе можат да ја покажат својата хуманост”, рече на прес-конференција, директорката на центарот за култура, Драгана Боцеска и најави дека собраните средства ќе бидат наменети за помош на осумгодишниот Јован Колоски кој боледува од специфичен вид епилепсија, како и за купување музички инструменти за учениците со посебни потреби од основното училиште “Свети Климент”.
Во организацијата на хуманитарниот концерт се вклучи и Црвениот крст од Охрид.
Маестро Трајанов, в понеделник, на 13 април во 12 часот ќе има средба со младите музички таленти од Охрид. Со нив ќе дискутира за добрите гласови кои и се неопходни на македонската опера.