Познатиот македонски оперски пејач, Борис Трајанов, в недела од 19 часот во центарот за култура „Григор Причев “ во Охрид ќе одржи хуманитарен концерт.
Баритонот Трајанов ќе настапи под диригентската палка на Рамадан Шукри, а во придружба на мандолинскиот оркестар од Скопје.
Овој хуманитарно-музички настан е поддржан од министерството за култура на Република Македонија, националната установа -центар за култура „Григор Прличев“ и Црвен крст-Охрид.
Деталите сврзани со концертот ќе бидат соопштени денеска на прес-конференција во центарот за култура.
Ohridnews