Единствени пратеници од опозицијата во салата беа од ЛДП, но тие воопшто не учествуваа во гласањето.
И покрај апелот на собранискиот спикер Трајко Вељаноски опозицијата да се врати во Собранието, и да го изгласа својот предлог за претседател на ДИК, тие и денеска, како што се очекуваше, не се појавија во собраниските клупи.
Со 80 гласа „за“ беше изгласан и уставниот амандман 32, односно за екстрадиција на македонски граѓани во и надвор од државата.
извор: Makfaks